Објавено на:

Албански државјанин приведен на ГП Блато поради нудење поткуп

t

На 08.05.2025 во 09.15 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато при Регионалниот центар за гранични работи Запад го лишија од слобода Д.А.(30) од Република Албанија. На граничниот премин, за влез во државата, тој допатувал со патничко возило „фолксваген шаран“ со албански национални ознаки, во кое превезувал уште четири албански државјани, при што во личните и сообраќајните документи ставил пари, кои биле пронајдени од полицискиот службеник кој вршел гранична контрола.

По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов шалтер отворен на граничниот премин „Блато“,…

На граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница,…

Косовски државјанин приведен во Македонија: Превезувал стока…

Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни…

Апсење на македонско-албанската граница, пронајден кокаин

Албанската полиција на граничниот премин „Блато“ на…

Лавров: Има Албански и Косовски паравоени формации…

Русија внимателно ги проверува информациите кои сугерираат…