Апсење на македонско-албанската граница, пронајден кокаин
Албанската полиција на граничниот премин „Блато“ на албанско-македонската граница, спречила шверц на повеќе дози кокаин, кои жител на Пешкопеа се обидел да ги прошверцува на територијата на државава.
– Лицето Рами Чела (59), е уапсен на преминот Блато, на границата со Македонија, во рамки на полициската акција „Граница“, како продолжение на мега-операцијата „Храм“ (Темпули). Полицијата го набљудуваше Чела, за кого имаше основи на сомненија дека врши дистрибуција на кокаин во близина на училишта и други објекти во Пешкопеа, стои во полициското соопштение.
Во моментот кога возилото со кое управувал Чела, пристигнало на преминот оперативните служби заедно со службите на граничната полиција извршиле детална контрола, при што пронашле скриени десетици дози кокаин.
При претрес во неговиот стан, полицијата пронашла и запленила седум пакувања наркотична дрога кокаин, вкупно околу 710 грама, кои како материјални докази се одземени заедно со поголем износ парични средства, два мобилни уреди, електронска вага и возилото тип „Шарон“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент
За време на денешната седница албанскиот парламент…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…