Албански опозиционер предлага Албанија да му додели 50 милиони евра на Косово за воена опрема

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, изјави дека ќе побара од Парламентот да донесе одлука за доделување 50 милиони евра за Косово, наменети за набавка на воена опрема.
Според него ,,зауздувањето на Србија е клучно за одржување на мирот и стабилност во целиот регион а не само на Косово”.
-Пратениците на ДП в понеделник ќе поднесат амандман до Собранието со кој ќе бараат 50 милиони евра од буџетот за 2024 година да се издвојат за воена помош на Косово. Тоа е суштински интерес за нашата националната безбедност, за националната безбедност на Косово, па се надеваме дека ова прашање нема да падне на мизерно ниво на политичка дебата, додава тој.
Групата на Баша, кој во судскиот регистар е признат како лидер на партијата, во законодавниот дом има десеттина пратеници. Останатите 45 демократски пратеници се со групата приврзаници на Сали Бериша, односно Газменд Барди, кои застапуваат исти ставови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија праќа 300 војници на Косово во…
Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…
Кос: Албанија е остров на стабилност на…
Еврокомесарката за проширување Марта Кос ја нарече…
Косово ќе склучи договор за одбрана со…
Владата на Косово, иако во технички мандат…
Македонската партија во Албанија се повлече од…
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…
Европскиот парламент ќе отвори канцеларија за Западен…
Европскиот парламент ќе формира канцеларија за Западен…