Албански сојуз е новото име на партијата на Зијадин Села

t

Откако Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари го доби судскиот спор за партијата и тој е легитимниот претседател, Зијадин Села иако најави дека битката ќе ја продолжи пред Апелацискиот суд, сепак реши неговиот политички субјект да настапува под името Албански сојуз.

Тој во интервју за „Лајм“ рече дека луѓето кои се дел од оваа политичка групација имаат идеали, се вистинити и ќе продолжат заедно да градат една цврста политичка структура. Прашан дали ова значи дека ќе формира нова партија, Села вели:

-Не сум оставил на случајноста, сум ја создал таа нова политичка партија, таа е Албански сојуз, има црвено-црни бои. Идејата на Алијанса за Албанците и нејзините каузи имаат свое продолжение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албански сојуз е новото име на партијата…

Откако Алијанса за Албанците предводена од Арбен…

Мециновиќ: Додека Газа умира од глад –…

Според интегрираната класификација на безбедноста со храната…

Тошковски мора да поднесе оставка бидејќи граѓаните…

Од опозициската партија реагираат дека синоќешното двојно…

Села не кажува дали ќе го напушти…

Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците…