Албанците со повик за бојкот на Кока-кола: Без ниту едно албанско име на етикетите
Кока-Кола се соочува со жестоки критики во јавноста, откако беше обвинета за дискриминаторски и исклучувачки ставови кон албанската заедница во Северна Македонија. Причина за тоа е најновата маркетинг- кампања на компанијата, „Сподели Coca-Cola”, која, според граѓански активисти и корисници на социјалните мрежи, целосно ја игнорира албанската популација – иако таа сочинува околу 20% од вкупното население.
На етикетите од производите кои се дел од кампањата се појавуваат исклучиво имиња насловени на Кирилица и со словенско потекло, вклучувајќи и имиња од торбешката заедница. Албанските имиња и латиницата се целосно отсутни. Дополнително, билбордите низ земјата се поставени главно во средини каде што Албанците се малцинство, како Штип, Струмица, Гевгелија, Дојран и Битола. Промотивните активности се одвиваат само на македонски јазик и во спомнатите градови. Албанскиот јазик е службен во Северна Македонија, но Сoca-Cola, според критичарите, го занемарува неговиот статус и со тоа директно ги навредува 672.840 албански граѓани во земјата. Овие граѓани, велат активистите, секојдневно придонесуваат за економијата како потрошувачи, работници и претприемачи — но се целосно невидливи за маркетинг-стратегиите на компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанците со повик за бојкот на Кока-кола:…
Кока-Кола се соочува со жестоки критики во…
„Надзорна комисија кога?“ – герила акција на…
„Надзорна комисија кога?“ е прашањето што 125…
Димитровска со исклучен телефон, пратениците молчат дали…
По поднесениот обвинителен предлог од обвинителството за…
Поранешната шефица на германската дипломатија, Бербок, дневно…
Канцеларијата на поранешниот германски канцелар Олаф Шолц…
На здравствениот систем му недостигаат 6.000 медицински…
Подобри услови за работа, признавање на образованието,…