Димитровска со исклучен телефон, пратениците молчат дали ќе бараат разрешување
По поднесениот обвинителен предлог од обвинителството за организиран криминал и корупција против првата антикорупционерка Татјана Димитровска, денес таа е недостапна за јавноста. Првата антикорупционерка се товари за одавање на службени тајни од предметот адитив.
Од друга страна пак, нејзината претходничка Билјана Ивановска и натаму е на ставот кој претходно го има пласирано во јавноста, односно дека Димитровска треба да поднесе оставка или собранието да ја разреши од функцијата.
Телевизија 24 испрати прашања и до Владата за тоа дали размислуваат да иницираат постапка до законодавниот дом за нејзино отповикување, но од владата не упатија кон пратеничките групи во собранието но до објавување на овој прилог не добивме став. Од претходно е познато дека ДУИ е во координација во врска со ова прашање, додека пак од Левица активно се размислува за иницирање на ова прашање.
Од опозициската СДСМ за обвинението дознале од медиумите, но сеуште немаат донесено конечна одлука, но нагласуваат дека ќе дискутираат во врска со ова прашање по што ќе излезат со став.
Предметот „Адетив“ опфаќа 23 лица кои се товарат за перење пари, злоупотреба на службена должност и злоупотреба на постапката за јавен повик. За прибирање на доказен материјали беа извршени 77 претреси во Битола, Неготино, Велес, Кичево и Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ким Јонг-ун пушти во употреба нов нуклеарен…
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун свечено го воведе…
Летонија забрани руски и белоруски книги поради…
Летонија забрани увоз на книги, весници и…
Паника во источна Германија: Полицијата деактивираше 21…
Обвинителството во источната германска покраина Саксонија во…
Мерц по изборите во Саксонија-Анхалт: Длабоко сме…
Лидерот на ЦДУ и канцелар Фридрих Мерц…
Серафимовски: Потврдени се 64 жаришта на сипаници…
Во државата досега се потврдени 64 жаришта…