Објавено на:

Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден

t

На познатиот руски опозиционер, Алексеј Навални денеска постхумно ќе му биде доделена првата меѓународна награда за мир во Дрезден, јави ДПА.

Неговата сопруга Јулија Навалнаја ќе ја добие наградата, која е доделена со 10.000 евра (10.774 долари), во театарот Шауспиелхаус во источниот германски град, соопштија организаторите.

Поранешниот германски претседател, Јоаким Гаук се очекува да го одржи пофалниот говор.

Се очекува премиерно да биде изведен и реквием на рускиот композитор Сергеј Невски за Навални.

Критичарот на Кремљ и истакнат противник на претседателот Владимир Путин почина под необјаснети околности во сибирски затворски логор на 16 февруари.

Поранешните добитници на Дрезденската награда се поранешниот советски претседател Михаил Горбачов, пијанистот и диригент Даниел Баренбоим, воениот фотограф Џејмс Нахтвеј и архитектот Даниел Либескинд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел за помош: Алексеј има само три…

Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…

Навални се пренесува во друг затвор

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е префрлен…

Навални: Ми се закануваат уште 15 години…

Рускиот опозиционер Алексеј Навални изјави дека против…