Навални се пренесува во друг затвор

t

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е префрлен во нов затвор во друг дел на земјата и неговото доаѓање таму ќе биде објавено во согласност со законот, соопшти денеска руската затворска служба.

„Sota.vision“, руски портал специјализиран за судско известување, цитира белешка за Навални од затворска единица во Владимирската област каде што Навални одлежал казна во казнена колонија на 235 километри источно од Москва.

„Алексеј Навални беше префрлен од Федералниот казнено-поправен дом ИК-6 во Владимирската област во поправен дом лоциран надвор од Владимирскиот регион, во согласност со пресудата на Московскиот градски суд од 4 август 2023 година“, се вели во белешката прочитана денеска на судска седница, пренесува Сота.визија, чиј основач и главен уредник властите ги прогласиле за „странски агенти“, пренесува Ројтерс.

Неговото пристигнување во новиот објект, кое не е наведено во белешката, ќе биде обелоденето во рамките на важечката законска регулатива, се додава во белешката.

Инаку, Навални, стана познат со исмејување на елитата и наводите за корупција на претседателот Владимир Путин, во август беше осуден на дополнителни 19 години затвор, покрај 11,5 години што веќе ги одлежуваше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна…

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во…

Навални се пренесува во друг затвор

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е префрлен…

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИМ ПРИРЕДИЛЕ ПЕКОЛ – осомничените ги…

Таткото и останатите осомничени за киднапирањето и…

Во Битола приведена скопјанка барана со шест…

Денеска (21.11.2023) околу 17 часот полициски службеници…

Министерство за правда: Ќе се интензивира реконструкцијата…

Министерството за правда соопшти дека ќе се…