Алиу: Немам информации дека овошјето и зеленчукот од Трубарево се небезбедни за јадење
Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека не поседува сознанија за тоа дека земјоделските производи од Трубарево се несоодветни за консумирање.
Денес, одговарајќи на прашања од новинарите, тој потенцираше дека во согласност со официјалните резултати од извршените анализи, не е утврдена радиоактивност во водата, ниту пак присуство на опасни тешки метали во земјата по пожарот во ова населено место во Скопје.
Во врска со скринингот, тој повтори дека вкупно 18 лица треба да продолжат со дополнителни лекарски прегледи. Ова, како што нагласи тој, не е конечна фаза, бидејќи согласно протоколите, ќе бидат потребни уште две скрининг тестирања, по три и по шест месеци.
Според Алиу, испратено е известување до институциите, со цел доколку некој од пожарникарите или вработените во Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, кои беа вклучени во гаснењето на пожарот, почувствуваат било какви симптоми, да се обратат во медицинските установи.
„Два дена имавме активен скрининг, првиот ден поминаа 111 лица од кои 11 продолжуваат на Клиниката за пулмоплогија, а вториот 103 граѓани поминаа низ процедурите и од нив 7 продожуваат на Пулмологија“.
Во однос на зеленчукот и овошјето од Трубарево, извршените мерења во воздухот, водата и почвата, покажаа дека нема елементи над дозволените граници. „Според протоколот, по еден месец повторно ќе се проверуваат вредностите и по првиот дожд. ИЈЗ ќе информира за елементите, а се надевам дека се активни и другите институции. Ние ќе излеземе со препораки. Но, нема радиоактивност таму, таа е во нормалните граници“.
„Имаме Кризен штаб, досега немам информација дека зеленчкуот и овошјето не треба да се консумираат“, заклучи министерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алиу: Немам информации дека овошјето и зеленчукот…
Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека…
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум…
Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила…
Апсење во Србија: Две лица обучувале Молдавци…
Две лица се уапсени во Србија под…
Кривична пријава за лицето кое преку лажен…
Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес,…
Мојсоска по цензурата за Левица: Можете да…
Кандидатот за градоначалник на Струга од Левица,…