Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

t

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска денеска во Сараево изјави дека Алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина.

Претходно, српскиот лидер Милорад Додик изјави дека ќе побара од Москва да биде прекината воената мисија ЕУФОР во БиХ.

– НАТО трајно е посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ. НАТО нема да дозволи дестабилизација на БиХ. Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ОН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ, наведе Шеќеринска.

Воената мисија АЛТЕА на европските сили ЕУФОР се одобрува на секои шест месеци во СБ на ОН. Додик претходно изјави дека од руските претставници во СБ на ОН ќе побара да стават вето на продолжување на мандатот на мисијата на ЕУФОР.

Северноатлантската алијанса навести дека во случај на непродолжување на мисијата постои можност за враќање на НАТО силите во БиХ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…