Алиу: Прво пребројување на паркинг местата во округот на Клинички, па потоа предлог решение

t

Новиот министер за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања, по денешниот брифинг со новинарите рече дека треба прво да се направи детална анализа, па потоа да се пронајде решение за сообраќајниот хаос кој владее во округот на Клиничкиот центар.

– За жал, паркингот во моментот не е ни мапиран, во однос на тоа, кај да се паркира кола. Ќе почнеме од базичните инфраструктурни чекори и активности. За да видиме колку точно паркинг места имаме. По длабоката анализа што ја правиме, ќе видиме и колкава е фреквенцијата на пациенти, што ги користат тие паркинг места, колкав број на вработени во Клинички се паркираат таму, истакна Алиу.

После тоа, како што додаде, најверојатно ќе излезеле со некое оптимално краткорочно решение.

– Додека, долгорочното решение на паркингот зависи и од долгорочното решение на Клиничкиот центар. И тука ќе мораме да бидеме претпазливи, да не се инвестира во нешто што можеби утре нема да биде во функција на Центарот, нагласи министерот.

Одговарајќи на новинарските прашања, тој информираше дека се формираат работни групи за кризен менаџмент, за најбрза можна реакција при евентуални трагедии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алиу: Прво пребројување на паркинг местата во…

Новиот министер за здравство Азир Алиу, одговарајќи…

АРСОВСКА ОТКРИВА КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ПРОБЛЕМИТЕ…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, открива кој…

„Призма“: Нови сомнежи за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ)…

Манев тврди: Сакавме само грабнување, не убиство…

Обвинетиот Велибор Манев, преку својот адвокат Горан…

Бехтел и Енка со ВМРО ќе чини…

Ќе платат ли граѓаните речиси 4 милијарди…