Алиу: Стратегијата за соработка со СЗО за периодот 2026 – 2030 е патоказ за иднината на здравствениот систем во нашата држава

t

Денеска се одржа промоција на Стратегијата за соработка со Светската здравствена организација за периодот 2026-2030 година, на која присуствуваа министерот за здравство, Азир Алиу, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, како и претставникот на СЗО Аким Али, координаторот за Обединети Нации, Рита Колумбија, и Лесли Милер од УНИЦЕФ.

Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека стратегијата е целосно усогласена со нашата Национална развојна стратегија, со обврските од процесот на пристапување кон Европската Унија и со Рамката за одржлив развој на Обединетите Нации.

„Во претстојниот период ќе бидеме посветени на зајакнување на партнерствата со Светската здравствена организација и УНИЦЕФ со посебен фокус на вакцинацијата, како и со УНФПА во делот на унапредување на здравствената заштита на мајките и децата. Министерството за здравство продолжува активно да работи на главните приоритети: процесот на дигитализација, транспарентност и отчетност пред граѓаните, и правичен здравствен систем кој функционира во интерес на граѓаните“, посочи министерот Алиу.

Д-р Аким Али од Светската здравствена организација истакна дека оваа стратегија не е само здравствена политика – таа е градење стабилност, доверба и уште поправедна иднина за сите во државата.

Со Стратегијата, Северна Македонија се приклучува на заедничките европски напори за зајакнување на отпорни и подготвени здравствени системи за иднината, истакна д-р Али.

Координаторот на Обединетите Нации, Рита Колумбија посочи дека стратегијата за соработка со земјата покажува како глобалните обврски се преточуваат во национално дејствување – целосно усогласено со здравствената и развојната агенда на земјата.

Здравјето не може да се разгледува изолирано; тоа е поврзано со образованието, животната средина, климата, социјалната заштита и дигиталната трансформација. Стратегијата обезбедува рамка за заедничко делување врз овие врски, заклучи Колумбија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алиу: Стратегијата за соработка со СЗО за…

Денеска се одржа промоција на Стратегијата за…

Путин го повика Зеленски во Москва: „Ако…

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека…

Герасимовски: Ангажираме лични асистенти во училиштата, плата…

Преку проектот „Образование за сите”, Центар и…

Масовна тепачка во Скопје, тинејџер ќе одговара…

СВР Скопје поднесе кривична пријава против осум…

Калас: Во Кина се собра „автократскиот сојуз“…

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна…