Герасимовски: Ангажираме лични асистенти во училиштата, плата 15.000 денари, вложуваме во инклузивно образование
Преку проектот „Образование за сите”, Центар и оваа учебна година ангажира лични асистени за ученици со посебни образовни потреби во училиштата. Право на пријавување на јавниот повик имаат кандидатите со минимум завршено средно образование и со претходно искуство во работа со деца со посебни образовни потреби.
Јавниот повик ќе трае пет работни дена, а надоместокот за ангажираните ќе изнесува 15.000 денари.
радоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски истакна дека личните асистенти се клучни за успешен инклузивен образовен процес.
„Нашите асистенти им помагаат на учениците полесно да се адаптираат и функционираат во училишната средина. Тоа многу значи, не само за децата, туку и за родителите и наставниците. Морам да потенцирам дека сме единствена општина во Скопје што, и покрај сите предизвици, продолжува самостојно, од свој буџет, да го спроведува овој проект“, рече Герасимовски.
Јавниот повик е отворен пет работни дена, а пријавувањето се врши во Архивата на Општина Центар, барака 6, секој работен ден од 9 до 15 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Без струја делови од Карпош, Центар и…
Без електрична енергија денеска ќе останат делови…
За паркинг на второ возило во Центар…
Во услови кога бројот на возила во…
Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава…
Општина Центар ја заврши првата фаза од…
Низ Центар се поставуваат паметни апарати за…
Околу угостителски објекти, високо фреквентни улици и…
Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени…
Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на…