Алијанса за Албанците: Да се осуди објавата на руската амбасада – Македонија го признава Косово како независна држава

Алијанса за Албанците ја осудува неодамнешната провокација на руската амбасада во Скопје на Твитер, со која сериозно се прекрши Уставот на земјата којшто го признава Косово како независна и суверена држава.
Македонија е исто така јасно усогласена со Западот во осудата на руската агресија врз Киев и во одбраната на територијалниот интегритет на Украина.
Бараме мнистерот за надворешни работи да го повика рускиот амбасадор за објаснување и да протестира против ваквите брутални интервенции на Русија.
Македонија, како земја кандидат за членство во Европската Унија, не смее да дозволи вакви малигни влијанија од акредитирана амбасада во Скопје. Молкот пред ваквите провокации може да се сфати како легитимирање на проширувањето на руската агенда на Балканот, којашто заедно со воено поттикнувачката политика на Србија кон Република Косово, се директна закана за мирот и безбедноста во регионот, како и саботирање на Европска перспектива на Западен Балкан, се наведува во соопштението на Алијанса за Албанците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…