Алијанса на Таравари ќе го обжали „Безбеден град“ пред Уставен
Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари оценува дека коалицијата ВМРО-ВЛЕН-ЛЕВИЦА го спроведува проектот „Безбеден град“ селективно, го крши Законот за јазиците и ѝ штети на економијата на граѓаните со непропорционални казни. Опозициската партија нагласува дека спроведувањето на овој закон покренува сериозни правни, социјални и уставни проблеми, директно штетејќи на животот и благосостојбата на граѓаните.
„Официјалната комуникација со граѓаните, вклучително и известувањата и санкциите што произлегуваат од проектот „Безбеден град“, се спроведува без почитување на јазичните права на граѓаните Албанци. Ова претставува директно кршење на законот и уставните принципи на мултиетничка и демократска држава“, велат од таборот на Арбен Таравари.
Едното од трите крила на АА бара преиспитување на нивото на казните и нивото на толеранција, за да не стане безбедноста во сообраќајот тежок економски товар за граѓаните. Оттаму оценуваат дека селективното спроведување на проектот само во некои градови е неправедно и дискриминаторски и поради оваа причина, како што велат, најавуваат дека ќе го обжалат Законот за прекршоци до Уставниот суд, со цел, како што велат, заштита на правата на граѓаните и еднаквоста пред законот.
На нецела недела до ставање во функција на системот „Безбеден град“ надлежните ги прават последните проверки. Денеска во населбата Автокоманда, на излезот од Скопје, на место коешто се смета за црна точка во сообраќајот, се тестираше и верифицираше брзината на движење на возилата со радарите и со поставените камери. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на терен ги слушна стручњаците и информира дека отстапките коишто се констатирани се минимални.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
Таравари: Одиме со посебни советнички листи и…
Засега имаме сигурна одлука дека одиме со…
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…
„Јас сум убеден дека ако останат со…