Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците да им се приклучи во опозициската коалиција

t

„Јас сум убеден дека ако останат со заеднички листи со ДУИ и ДПА, разочараните гласачи или ќе останат дома или дел од нив ќе гласаат за албанската опозиција, бидејќи го поддржуваат опозицискиот дух и знаејќи го ова, апелирам (до Алијанса за Албанците, н.з.) да ја разгледаат нивната позиција и да дојдат каде што им е местото, во албанската опозиција“ – вели лидерот на партијата Демократско движење

Алијанса за Албанците се претвори во патерица за спас на Артан Груби и Владата, а нивните гласачи не се задоволни со тоа што се во комбинација со ДУИ. Ова е оценка на лидерот на политичката партија Демократско движење, Изет Меџити, искажана во интервјуто за „360 степени“ на МРТ 1.

Според Меџити, Алијанса за Албанците треба да биде во врвот на албанските опозициски движења, особено затоа што политичкиот наратив го градела анти-ДУИ.

Тој го повикува раководството на Алијанса да им се приклучи во опозициската борба со цел, како што вели Меџити, да направат промена.

„Јас сум убеден дека ако останат со заеднички листи со ДУИ и ДПА, разочараните гласачи или ќе останат дома или дел од нив ќе гласаат за албанската опозиција, бидејќи го поддржуваат опозицискиот дух и знаејќи го ова, апелирам да ја разгледаат нивната позиција и да дојдат каде што им е местото, во албанската опозиција. Да направиме промена, да создадеме нов политички дух во Македонија, бидејќи ќе биде здраво за демократијата, за процесите“,вели лидерот на Демократско движење во интервјуто за „360 степени“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белград: Демонстрантите ја скршија оградата пред зградата…

Во Белград вечерва се одржуваат протести кои…

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Затворени избирачки места во Србија, опозицијата имаше…

Избирачките места во Србија за вонредните парламентарни,…

Oпозициски партии на Албанците добиваат место во…

Најдоцна до 18 декември, лидерите на опозициските…

Министерот Меџити најави околу Нова година нови…

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека…