Али контра Ахмети, лидерот на ДУИ мета на потсмев: “Како може некој да започне војна во 21 век?”
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во последно време станува подвоена личност. Неговите изјави во јавноста наидуваат на различно толкување-од потсмев, па до цинична потврда, што создава впечаток дека Али Ахмети води политика против самиот Али Ахмети,анализира „Пресинг ТВ“.
Како потврда на ова еве само неколку епизоди.
1. Злото доаѓа од соседите.
Апсолутно е во право. И тоа македонските граѓани многу добро го знаат, зашто од 1999 година, со почетокот на косовската криза, па до 2001 кога почна воениот конфликт во Македонија, се беше увезено од соседот Косово.
2.Споменикот во Слупчане е легален.
Легален е, а ниту една државна институција не потврди јавно дека издала дозвола за негово поставување.
3.Со бојкот и блокади нема да напредуваме.
По 20 години во власта, со ДУИ државата ептен напредуваше. Особено последниве години кога од една влегуваме во друга криза и веќе никој жив не знае колку прогласени кризни состојби има во земјата.
А, што правиме со молчењето и читањето поезија од страна на бившиот пратеник од ДУИ, а сега актуелен претседател на Собранието, Талат Џафери, кој кога не беше на власт на собраниските комисии го остваруваше своето деловничко право!?
4.Како може некој да почне војна во 21 век?!
Навистина, како може некој да почне војна во 21 век? Па, зарем Ахмети заборави во кој век беше командант на „терористичка организација“, според тогашниот генесек на НАТО, Џорџ Робертсон, или на ОНА како филијала на УЧК?
5.Зелена агенда во фокусот на ДУИ за подобар живот.
Под зелена агенда Ахмети веројатно мислеше на зелената униформа, зашто сигурно не би се согласил дека е „зелен“ во мозокот, а граѓаните со него во власта наместо подобра живот се соочуваат и борат за елементарна егзистенција, додека неговите пулени „успешно“ се борат против криминалот, корупцијата, непотизмот во сопствените редови.
Извор: Пресинг ТВ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…
Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…
Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…
Ахмети повторно најавува решавање на спopoт со…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште еднаш…