„Ало, вашата ќерка прегази дете“: Старица од Велес измамена преку телефон

t

МВР информира дека вчера во СВР Скопје Д.Г.(88) од Велес пријавила дека на 27. овој месец околу 10 часот на нејзиниот фиксен телефонски број добила повик од непознато машко лице кое ја известило дека нејзината ќерка наводно имала сообраќајна несреќа во којашто како учесник прегазила четиригодишно дете и дека доколку сака да ја спаси од долгогодишна затворска казна треба да му даде 50.000 евра.

Откако жената рекла дека нема толку пари, односно дека има околу 2.700 евра добила „инструкции“ од лицето парите да ги донесе во Скопје во близина на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, што и го сторила.

Околу 11.50 часот пријавителката пристигнала во кругот на болница и по насоки на лицето кесата со парите ја оставила во една од кантите за отпадоци, а потоа со автобус се вратила во Велес.

Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ало, вашата ќерка прегази дете“: Старица од…

МВР информира дека вчера во СВР Скопје Д.Г.(88)…

САД соопшти дека УСАИД е во фаза…

Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен…

Скопјанец лишен од слобода откако и се…

Скопјанец бил лишен од слобода, откако поранешната…

Во Лавов убиен озлогласениот експретседател на украинскиот…

Андриј Парубиј, украински политичар кој беше претседател…

Активистката Невена Георгиевска ново име во трката…

Во трката за градоначалник на Општина Карпош…