Скопјанец лишен од слобода откако и се заканувал и физички ја нападнал поранешната сопруга
Скопјанец бил лишен од слобода, откако поранешната сопруга го пријавила за закани и физички напад, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Вчера во 09:50 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино, го лишиле од слобода И.П.С., 34-годишник од Скопје, а по претходна пријава од неговата 36-годишна поранешна сопруга, според која, тој дошол во нејзиниот дом во Неготино, при што ѝ упатил закани и физички ја нападнал, појаснија од СВР – Велес.
И.П.С. бил задржан во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центарот за социјални работи – Неготино.
По документирање на настанот, како што истакнаа од СВР – Велес, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…