„Ало, вашата ќерка предизвика сообраќајка“: Старица од балкон му фрлила на измамник 16.000 евра и 11.000 франци
Вчера во 14:40 часот во СВР Тетово, 79-годишна тетовка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци.
Како што информираат од МВР според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди и дека треба да плати за неопходната операција. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ало, вашата ќерка предизвика сообраќајка“: Старица од…
Вчера во 14:40 часот во СВР Тетово,…
Животниот стандард паѓа, платите во Македонија се…
Соопштение на СДСМ Животниот стандард паѓа, платите…
Мицкоски против ВМРО-ДПМНЕ
Мицкоски против ВМРО-ДПМНЕ Видно вознемирен од одлуката…
Македонските граѓани ќе патуваат по старите правила…
Правилата за патување во Европската Унија се…
Тетовчанка платила над 27.000 евра за операција…
МВР информира дека вчера попладне во 14:40…