Мицкоски против ВМРО-ДПМНЕ
Мицкоски против ВМРО-ДПМНЕ
Видно вознемирен од одлуката на ДИК независните кандидати да може да се кандидираат за градоначалници и советници со само два потписа од граѓаните, премиерот Мицкоски резигнирано коментираше дека ова ќе доведе до зголемување на бројот на кандидати и дека ќе го направи гласачкото ливче долго и збунувачко. За да биде уште поделикатно, на крајот додаде дека ако изборите биле неуспешни, Владата имала уставно и законско право да именува свои повереници во општините.
И така, додека премиерот ламентираше дека гласачкото ливче ќе станело 7 – 8 метри долго, на нас, докажаните домашни предавници, ни текна да провериме како поединечно гласале членовите на ДИК.
Кога, ете нова беља:
Неговите сопартијци не само што гласале ЗА, туку испадна дека одлуката, која Мицкоски толку ревносно ја критикува, била донесена на предлог токму од членот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Даштевски !!!
Сега веќе се поставува прашањето знае ли Мицкоски што се случува во неговата ВМРО-ДПМНЕ и дали воопшто партијата е “негова”? Знае ли дека има мнозинство во комисијата? И обратно, знаат ли во Белата палата дека нивниот претседател е против решението и одлуката на нивните членови во ДИК?!?
Загрижен сум дека одговорот ќе мора да го побараме многу подлабоко.
Самиот факт што фамозниот правилник, кои овозможува кандидатура со два потписи, е предложен од човекот кој од позиција на претседател на комисијата против дискриминација даде мислење дека Груевски, наводно, ќе нема фер судење во Македонија, го отвора прашањето дали Мицкоски е на власт во државата, но е опозиција во својата партија.
По се’ изгледа, стиропорецот од Будимпешта сѐ уште има силно влјание во палатата кој самиот ја изгради.
Пишува: Андреј Жерновски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Техеран: Оштетивме американски носач и разурнувач,…
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска соопшти…
Од 15 до 30 минути се чека…
На Граничниот премин Богородица, времето на чекање…
СДСМ: Мито земаат дури и возачите на…
СДСМ преку соопштение реагираше по информацијата дека…
Борба против криминал е апсење на вработен…
Колегите од СДС очигледно ги помешале лончињата.…
Американскиот амбасадор во Израел го нарече насилството…
Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, остро…