АЛПИ-МК: Прекин на огнот во Украина веднаш, проблемите да се решаваат со дипломатија и разговори
Почитувани,
Членовите на Институтот за напредно политичко лидерство (АЛПИ) поддржан од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) застануваат против воената агресија на Руската Федерација врз Украина. Како членови на Институтот, но и доаѓајќи од политички партии и граѓанскиот сектор го осудуваме бескрупулозното прекршување на меѓународното и човековите права и повикуваме на прекинување на огнот веднаш!
Веќе се забележуваат еден милион бегалци од Украина како последица на ивазијата на Русија, илјадници жртви, загубени цивилни животи и економски последици кои дополнително ќе се влошуваат.
Повикуваме на итен прекин на огнот и решавање на сите проблеми преку дупломатија и разговори, а независноста и автономијата на државите да бидат почитувани.
Членовите на АЛПИ преку свој личен ангажман, како и преку субјектите кои ги застапуваат ќе се залагаат за помош на настраданите од Украина, а преку своето секојдневно делување ќе повикуваат на мир и толеранција.
Со почит,
членовите на АЛПИ-МК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…