Објавено на:

Амазон во војна со САД

t

иликата да потсети на претходни извештаи за наводни блиски врски на Amazon со Кина, особено оној од 2021 година објавен од Ројтерс. „Ова е уште една причина зошто Американците треба да купуваат домашни производи“, изјави таа, нагласувајќи ја намерата на администрацијата да ги зајакне критичните синџири на снабдување и да ја врати производството во САД.

Пазарот реагира – акциите на Amazon паѓаат

Инвеститорите реагираа веднаш. Акциите на Amazon паднаа за 2,2 проценти пред отворањето на берзите, а компанијата најави дека ќе го објави финансискиот извештај за првиот квартал на 1 мај во 23:00 часот.

Во меѓувреме, бројни продавачи на Amazon започнаа со значително зголемување на цените – просечно за 30%. Причината: новите царини што ги воведе администрацијата на Трамп, особено за производи увезени од Кина. Според податоци од платформата SmartScout, следени се 930 артикли со просечно зголемување на цената од 29% од 9 април наваму. Од торби за пелени до магнети за фрижидер – ценовниот удар е општ.

Amazon изјави дека ќе се обиде да ги стабилизира цените, но не е јасно дали компанијата има доволно механизми да им помогне на продавачите кои трпат директни последици од царинската политика на САД. Прашањето останува отворено: дали Amazon е само колатерална штета, или нов симбол на корпоративен отпор во ерата на агресивен економски национализам?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…

Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…