Американецот со албанско потекло кој го придружуваше Мицкоски, сега го промовира Таравари

t

Илир Руси, Американецот со албанско потеклоод Дебар, познат по своето влијание кај американските политичари и конгресмени, пред извесно време го придружуваше премиерот Христијан Мицкоски за време на неговата посета во САД, пишува Пресонлајн.

Но сега, Руси се појави во друштво на Арбен Таравари, на средба со републиканската конгресменка Никол Малиотакис – позната поддржувачка на албанските прашања во Њујорк. На оваа средба присуствуваше и градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани.

Оваа посета во САД, каде Арбен Таравари добива поддршка од влијателни фигури во американската политика, се очекува да има значително влијание за политичкиот субјект Алијанса за Албанците на претстојните локални избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американецот со албанско потекло кој го придружуваше…

Илир Руси, Американецот со албанско потеклоод Дебар,…

Во Скопје квадрат просечно чини 1.828 евра…

Цената на становите и натаму расте –…

Градоначалникот на Будимпешта осомничен во истрагата за…

Градоначалникот на Будимпешта, Гергељ Карачоњ, денеска изјави…

Иран стои цврсто зад својата нуклеарна програма…

Иран ќе ги брани своите легитимни права…

Полицаец нападнат во полициска станица

„На 23.07.2025 околу 14:00 часот во Полициската…