Американка призна убиство: Го оставила бебето 10 дена само дома, а таа си отишла на одмор
„На 6 јуни 2023 година, Кристел Канделарио ја остави својата ќерка Џејлин Канделарио сама и без надзор. Таа се врати дома дури на 16 јуни“, рече окружниот обвинител Мајкл К.
Кога Канделарио се вратила во својот дом во Кливленд по патувањето во Детроит и Порторико, нашла дека нејзината ќерка не реагира и повикала полиција. Надлежните велат дека креветчето на детето било полно со валкани прекривки натопени со урина и измет. Кога итната помош пристигнала на местото на настанот, констатирале дека бебето починало. „Беше екстремно дехидрирана“, соопшти полицијата.
Канделарио се изјаснила за виновна за едно тешко убиство. Таа ќе биде осудена во март. Засега не е познато зошто Канделарио не побарала некој да ѝ го чува детето додека била на пат.
Семеен пријател изјавил за News5 Кливленд минатата година дека ова не е прв пат Канделарио да ја остави ќерка си сама дома: „Постојано ѝ велевме да не ја остава сама. Не само јас, туку и мојот пријател кој живее од другата страна на улицата.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…
Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…
Обвинение за бруталното убиство во Кавадарци: Ја…
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…
Рада Манојловиќ открива: „Следната година ќе станам…
Рада Манојловиќ најави бебе за следната година……
Продолжува судењето за убиствата на Вања и…
Денеска во Кривичен суд треба да продолжи…
Ѝ пукале во глава додека клечела –…
Убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски…