Објавено на:

Американсата ДЕА отвори канцеларија во Тирана: Ќе се бори против трговијата со дрога

t

Американската амбасада во Тирана соопшти дека во Тирана е отворена канцеларија на ДЕА, заради борба против трговијата со дрога и перење пари поврзани со тоа, а за подобра иднина на албанските граѓани, јави abcnews.al.

Во исто време се повикува „секој кој има сознанија или информации за случаи на трговија со дрога да пријави, за што се гарантира целосна анонимност”.

Борбата против трговијата со тешки дроги од земјите од Латинска Америка ја донесе американската агенција за борба против наркотици, ДЕА, во Тирана. Офицерите на ДЕА веќе се стационирани во Тирана каде ќе имаат континуирана координација со регионалните канцеларии и другите истражни органи, наведува телевизијата повикувајќи се на соопштението на амбасада.

Се додава дека според својот фокус, ДЕА има за цел да го погоди секој товар со дрога што се движи низ поморските, воздушните и копнените патишта меѓу земјите.

ДЕА од јануари минатата година доставува информации до Италија, Грција и Албанија за движењето на контејнерите полни со дрога, чија крајна дестинација била Албанија или другите земји од регионот, наведуваат медиумите.

Првото присуство на ДЕА во Тирана беше во јуни кога транспортот на кокаин од Еквадор кон Албанија беше во големи количини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кос: Албанија е остров на стабилност на…

Еврокомесарката за проширување Марта Кос ја нарече…

Македонската партија во Албанија се повлече од…

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…

Европскиот парламент ќе отвори канцеларија за Западен…

Европскиот парламент ќе формира канцеларија за Западен…

Албанија одлучи целосно да го забрани ТикТок

Албанската влада денеска донесе официјална одлука за…

Во Албанија отворен портал на македонски јазик…

Со залагање на македонски активисти од општина…