Американската дипломатија е сигурна дека Мицкоски нема да формира Влада!
Американската дипломатија е сигурна дека Мицкоски нема да формира Влада, затоа дава вакви остри изјави кои не биле дадени изминатите 30 години, пишува на Фејсбук лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски коментирајќи ја вчерашната изјава на заменикот на Блинкен, Џејмс О’Брајан.
– Видовте ли сега дека вината не е кај нас како што миловаат да не викаат “опозиција на опозицијата” ниту пак кај фракционерите внатре во ВМРО туку кај самиот Мицковски.
Потврда дека има проблем сам со себе, а тоа значи цела опозиција со него е изјавата на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан дека од него “ни автомобил не би купил”.
Од кого не се купува автомобил, мал џамбаз – преварант.
Значи, Мицковски има многу проблеми внатре во партијата, во опозицијата, во односите опозиција власт, но и со надворешниот фактор.
Епа не можеме сите да не му чиниме!
Волку “тврда” изјава дури и навредувачка од еден дипломат не е изговорена дури и кога Груевски беше изложен на огромен меѓународен притисок сепак бираа зборови.
Зошто ги бираа? Затоа што нивните проценки беа дека и покрај се Груевски може да победи и потоа да имаат уште поголем проблем со него.
Логиката вели дека во конкретниот случај со Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ тие се сигурни дека нема да победи и нема да формира влада и затоа даваат вака остри и незапамтени изјави во 30 години постоење на Македонија.
Затоа пријатели ВМРОвци берете си памет оти работите ви се движат како од прирачник. – напиша Јакимовски на Фејсбук.
ЛИНК од објавата на Јакимовски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…