Објавено на:

Американскиот актер Шон Пен му подари Оскар на Зеленски!

t

Американскиот актер Шон Пен му го даде својот Оскар на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на главниот град Киев.

Пен му го врачи Оскарот на Зеленски како „симбол на вербата во победата на Украина“, велејќи му да му го врати кога ќе победи во војната.

Зеленски, пак, му додели на Пен украински Орден за заслуги.

Пен, кој е познат по својот политички активизам исто како и по неговите филмови, во Украина во март снимаше документарен филм за конфликтот.

Тој подоцна рече дека размислува да им се придружи на украинските сили за да се бори против Русија.

Претставниците на Кремљ претходно ги додадоа Пен и неговиот колега Бен Стилер на руската „стоп-листа“, што значи дека сега им е забранет влезот во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Зеленски му пријде на Орбан очи во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…

Зеленски ќе се сретне со Бајден

Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…