Објавено на:

Зеленски ќе се сретне со Бајден

t

Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени проекти, соопшти кабинетот на украинскиот претседател.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски на 12 декември ќе престојува во посета на САД, соопшти неговиот кабинет. Тој треба да се сретне со неговиот американски колега Џо Бајден и, според Белата куќа, американскиот лидер бил тој што ја иницирал средбата.

„Меѓу клучните теми на разговорите во Вашингтон ќе биде продолжувањето на одбранбената соработка меѓу Украина и САД, особено заедничките проекти за производство на оружје и системи за противвоздушна одбрана, како и координација на напорите на двете држави следната година“, се вели во соопштението од неделата.

Прес-секретарот Карин Жан-Пјер ја потврди посетата на Зеленски во изјава, велејќи дека средбата има за цел „да ја нагласи непоколебливата посветеност на Соединетите Држави за поддршка на народот на Украина додека тие се бранат од бруталната инвазија на Русија“. Ќе се разговара за „итните потреби“ на земјата „додека Русија ги засилува своите ракетни и беспилотни напади“, соопшти Белата куќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчките земјоделци денеска ќе се сретнат со…

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе се…

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Откажана е средбата на Зеленски, Виткоф и…

Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и…

Зеленски и Трамп би можеле да се…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател…

Кремљ се надева на уште една средба…

Кремљ денеска соопшти дека се надева на…