Американскиот амбасадор во Белград: Србија е во специфични околности, треба да ѝ помогнеме да го одбере вистинскиот пат
Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, денеска изјави дека Србија е во специфични околности кога станува збор за воведување санкции против Русија, главно поради нејзината голема зависност од руските енергетски извори и дека тоа е сложена слика за која може само да се каже „приклучи се на санкциите“ пренесува РТВ.
„Да беше само до нас, а не до Србија, би рекле дека мора да се приклучите на санкциите, но разбираме дека има конкретни околности за Србија“, рече Хил на ТВ Хепа во одговор на прашањето како Санкциите на ЕУ против Русија би можеле да се одразат на Србија доколку таа не донесе одлуки побрзо.
Хил изрази очекување дека „ќе ја има Србија покрај себе“ и истакна дека сè започнува со енергетската независност и дека Србија треба да има различни избори.
„Сигурен сум дека во иднина ќе биде во ред Србија да има избор да зема гас од Русија, тоа сега не е во ред и затоа треба да ѝ се помогне на Србија во тој избор“, рече Хил.
На прашањето за решавање на косовскиот проблем, Хил рече дека без разлика дали е во овој или следниот век, „Србите кога ќе се разбудат ќе видат дека Албанците го земале Косово за себе“ и затоа, како што рече, се надева дека во меѓувреме ќе се постигне нормализација за да се продолжи со работите кои се важни за просечните луѓе.
Хил оцени дека западните земји бараат од Белград и Приштина да се држат до процесот на дијалог и да се обидат да ги намалат тензиите и да создадат простор меѓусебно да разговараат за да постигнат нормални односи.
На прашањето дали случајот со Косово може да се спореди со случајот со украинските територии кои беа припоени кон Русија, Хил рече дека нема многу сличности, бидејќи Украина е во друга позиција.
„Соседот на Украина, Русија, ја напаѓа Украина и нејзините цивили, а во меѓувреме ги анектира нејзините територии. Вакви работи не сме виделе од почетокот на 20 век“, истакна Хил и оцени дека ова е поинаква ситуација од онаа што се случи во врска со Косово.пред 23 години.
На прашањето колку бенефиции Србија може да добие во соработката со западните земји во областа на енергетиката, Хил рече дека на Србија и треба засилувач во ова.
„Една од причините за нашата загриженост во соработката со Србија сега е однесувањето на Русија бидејќи не знаеме што е следно. Она што Путин го направи со Русија е поинаква Русија од онаа што ја паметам, земја на најголемата поезија, бројните нобеловци,… ова е поинаков вид на Русија и мислам дека треба да бидеме подготвени за тоа и дека најдобрата форма на подготовка е сите заедно да работиме уште поблиску“, рече Хил.
На прашањето која би била најдобрата одлука што би можела да ја донесе Србија во оваа ситуација, Хил рече дека најдобро би било да се поврзе со западните земји, да се фокусира на тоа што може да се направи сега и да продолжи во таа насока.
„САД навистина сакаат да застанат до Србија, која ја гледаме како историски пријател, партнер, и во зависност од тоа што Србија прави, таа може да стане наш сојузник во иднина, но тоа ќе биде прашање за Србија“, рече Хил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таксист влетал во ученици на блокадата во…
За време на денешната акција „Застани, Србија“…
Блокади ширум Србија и денеска – Студентите…
Студентите ширум Србија денеска во 11:52 часот…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…
Вучиќ за опозицијата: „Магариња и политички педофили“
Српскиот претседател Александар Вучиќ упати нови навредливи…