Американскиот Конгрес би можел да воведе санкции кон Бугарија поради ветото против Македонија

t

Постои можност за воведување санкции против Бугарија поради нејзиното вето за почеток на преговорите за пристапување наМакедонија во Европската Унија, ваков став има републиканската конгресменка Клаудија Тени, пренесува Гласот на Америка на Македонски.

Пред два месеца, Клаудија Тени и уште 12 конгресмени испратија писмо до бугарскиот амбасадор во САД, Тихомир Стојчев, во кое бараат да се отстранат пречките за европското членство во Република Македонија.

Според Тени, бугарскиот дипломат не одговорил на пораката која таа ја протолкува како непочитување кон Конгресот на САД.

За можното воведување санкции против Бугарија, Тени го вели следново:

„Не сум сигурна дали санкциите се соодветни сега, но би можеле да бидат. Тоа е многу ефикасно, особено ако продолжат да создаваат пречки и да зрачат негативност кон Македонија и Албанија“.

Конгресменката порача и дека бугарската влада треба да се однесува со почит кон сите малцинства, вклучително и кон македонското.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…