Американскиот Сенат одобри помош за Украина, Израел и Тајван
Сенатот на Соединетите Американски Држави го поддржа нацрт-законот за доделување помош од 95 милијарди на Украина, Израел и Тајван без мерки за заштита на американската граница, покажуваат резултатите од гласањето.
„За“ законот гласаа 70 сенатори, а „против“ 29.
Предлог-законот предвидува распределба на средства за потребите на Киев во износ од околу 60 милијарди долари, додека околу 14 милијарди се наменети за Израел.
Претходно, предлог-законот беше процедурално одобрен во Сенатот без мерки поврзани со зајакнување на заштитата на американската граница.
Експертите сметаат дека мали се шансите предлог-законот сега да биде одобрен во Претставничкиот дом на Конгресот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…
Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…