Објавено на:

Американските разузнавачки служби имале протоколи, што ќе се случува со Украина доколку почине Зеленски

t

Доколку умре украинскиот претседател Володимир Зеленски, ЕУ би можела да го ограничи снабдувањето со оружје и воена опрема за Украина, пишува агенцијата Асошиејтед прес (АП), повикувајќи се на анализа на американските разузнавачки служби, која е пронајдена меѓу документите кои протекоа од американските служби.

Во анализата спомната во текстот, која е класифицирана како „тајна“, се разгледуваат најекстремните сценарија за развојот на настаните во текот на руската специјална воена операција во Украина.

Во него се наведува дека фигурата на Зеленски како претседател е клучот за „внатрешна и надворешна поддршка“ за акциите на украинските власти од Запад.

Михаил Подољак, советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, за медиумите изјави дека истекувањето на информации од Пентагон „не треба да ги поткопува односите на Украина со западните земји“. Тој ги нарече обелоденетите документи „нормална анализа“ и дека тие не менуваат ниту еден од плановите на Киев.

Подољак појасни дека некои информации од „тајните документи“ воопшто не се тајни. На пример, информации за недостаток на системи за противвоздушна одбрана во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…