Американски владини агенции погодени во глобален кибер напад
Неколку американски федерални владини агенции, меѓу кои и Министерството за енергетика, се погодени во глобален кибер-напад од руски сајбер-криминалци кои ја искористиле ранливоста во широко користен софтвер за пренос на датотеки, изјавија официјални лица, јави Си-Ен-Ен.
Американската агенција за кибер безбедност и безбедност на инфраструктурата „обезбедува поддршка за неколку федерални агенции кои доживеале упади кои влијаат на нивните апликации MOVEit“ – рече Ерик Голдстајн, извршен помошник директор на Агенцијата.
– Работиме забрзано за да ги разбереме влијанијата и да обезбедиме навремена санација – истакна тој во изјава за Си-Ен-Ен.
Хакерите искористиле безбедносен пропуст во програмата MOVEit TRANSFER и ги „компромитирале“ податоците во две структури на Одделот за енергетика, се вели во извештајот.
Засегнатите организации во рамките на одделот се универзитетскиот конзорциум „Oak Ridge Associated Universities“ (Универзитети Oak Ridge) и Pilot Plant за изолација на отпад – локација во Ново Мексико за отстранување на нуклеарниот отпад од одбранбениот сектор.
Цел на нападот бил и Шел, Универзитетскиот систем на Џорџија (чадор организација на различни универзитети во државата Џорџија), Универзитетот Џон Хопкинс и здравствениот систем Џон Хопкинс, според пораките објавени од трите организации.
Познато е дека Клоп, групата за која се претпоставува дека е одговорна за нападот, вообичаено бара откуп од повеќе милиони долари. Но, засега не се поднесени барања за откуп од федералните агенции, изјави висок американски функционер – јави Си-Ен-Ен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…