Објавено на:

Американците воодушевени од Орбан: Им го читаше унгарскиот Устав, им порача дека потребни се „помалку драг кралици, повеќе Чак Нориси“

t

Со овации и громогласен аплауз беше поздравен вчерашниот говор на унгарскиот премиер Виктор Орбан на конференцијата на американските конзервативци во Далас, Тексас.

Во дел од говорот Орбан порача дека „христијански политичар не може да биде расист“ и дека оние кои го сметаат за расист или антисемитист се „едноставно идиоти“.

Веќе можам да ги видам утрешните наслови. „Екстремно десничарскиот европски расист и антисемитски моќник, Тројанскиот коњ на Путин, одржува говор на конзервативната конференција. Но, не сакам да им давам идеи, тие најдобро знаат како да пишуваат лажни вести, рече Орбан.

Унгарскиот премиер, исто така, рече дека „Западот е заглавен во судир на цивилизации“. Тој ги критикуваше поранешниот американски претседател Барак Обама, Џорџ Сорос и „глобалистите“.

Мораме да ги вратиме институциите во Вашингтон и во Брисел. Мораме да го координираме движењето на нашите војници, бидејќи се соочуваме со истиот предизвик, рече унгарскиот премиер.

Им порача на присутните дека имаат две години да се подготват, aлудирајќи на претседателските избори во САД во 2024 година.

Орбан предизвика овации кога читаше од унгарскиот устав, според кој бракот е само меѓу еден маж и една жена.

Помалку драг кралици и повеќе Чак Норис, рече тој.

Во вторникот, Орбан го посети поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неговиот клуб за голф во Њу Џерси.

Трамп, кој го опиша Орбан во изјава како негов пријател, ќе се обрати до CPAC во сабота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…