АМСМ: Внимавајте доколку возите по овие патни правци

t

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Ѓавато и до 100 метри на планинскиот превој Пресека.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини. 

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АМСМ: Внимавајте доколку возите по овие патни…

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска…

Поради пожар во прекин сообраќајот на регионалниот…

Поради активен пожар на регионалниот пат Р1103…

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека по…

На граничните премини Табановце и Богородица утринава…

Забрана за тешки товарни возила на патот…

Забраната за движење на тешки товарни возила…

Сообраќајот се одвива непречено, снег со слаб…

Сообраќајот на државните патишта се одвива во…