Забрана за тешки товарни возила на патот Струмица – Берово, расчистен патот Истебањи-Македонска Каменица

t

Забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струмица – Берово и натаму останува. Патниот правец Истебањи-Македонска Каменица, пак, е рачистен и сообраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2023 година во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. 

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Засилен сообраќај, најмногу се чека на „Богородица“

Зголемен број возила се регистрира на патиштата…

Поларен бран со снег го погоди Нов…

Силен поларен бран го погоди Нов Зеланд,…

Од утре летен времен режим на сообраќај…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Снег завеа во делови од Балканот

Ненадејните снежни врнежи на Златибор кон крајот…

(Видео) Делови од Бугарија под снег

Делови од Бугарија се разбудија со снег.…