АНБ сѐ уште без заменик директор Албанец – ВРЕДИ бара кандидат, Мицкоски вели дека наскоро ќе има назначување

t

АНБ и натаму без Албанец на раководна позиција, пишува ТВ21. Според договорот меѓу владините коалициони партнери, предвидено е позицијата заменик директор на АНБ да ѝ припадне на ВРЕДИ, односно на Алтернатива. Но премиерот Христијан Мицкоски вели дека ниедна функција не е резервирана за никого, додавајќи дека наскоро ќе има ново назначување.

Претседателот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими запрашан за именувањето заменик директор на АНБ во Дејли Клик рече дека изборот на раководна позиција во АНБ не е лесна процедура. Рече дека имаат предложено неколку имиња за оваа позиција, но во случај кога не ги исполнуваат условите, тие се заменуваат со други или пак се распределуваат на други позиции.

„Во АНБ има домашни филтри но и меѓународни за тоа кој кандидат може да биде усвоен. Како членки на НАТО, за високи експоненти во безбедноста треба да бидат соодветни и за земјите членки на НАТО. Затоа се уште не е најдено потребното лице за таква одлука“, вели Зеќирија Ибрахими.

Позицијата заменик директор на АНБ е празно од ноември 2024 кога му заврши мандатот на Бесник Ферати, кадар на ДУИ. Во моментов двете клучни агенции за безбедност во Македонија, Агенцијата за разузнавање и АНБ се без директори Албанци. Во Агенцијата за разузнавање кога се правеа назначувањата, претседателката Гордана Силјановска Давкова избра двајца етнички Македонци за позицијата директор и заменик директор, оставајќи ја оваа институција без ниеден Албанец на раководна позиција, како што беше пракса порано.

Извор: TV21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Детали: Новинари на ТВ 21 повикани…

Попладнево во полициска станица во Центар, на…

Пратениците кои имаат сертификат „државна тајна“ ќе…

Собраниската комисија за надзор над Агенцијата за…

АНБ тестираше неколку вработени на полиграф

Агенцијата за национална безбедност спровела неколку полиграфски…

АНБ започнува со примена на полиграфско тестирање…

Агенцијата за национална безбедност соопшти дека почнува…

АНБ сѐ уште без заменик директор Албанец…

АНБ и натаму без Албанец на раководна…