Пратениците кои имаат сертификат „државна тајна“ ќе ги контролираат АНБ и АР на 25 и 27 март!
Собраниската комисија за надзор над Агенцијата за национална безбедност и над Агенцијата за разузнавање, ќе оди во надзор на АНБ и на АР на 25 и на 27 март во 10 часот, со оние членови што имаат безбедносни сертификати со степен „државна тајна“. Ваквиот заклучок го изгласаа членовите на Комисијата денеска во Собранието.
Со седницата денеска претседаваше пратеничката Славјанка Петровска. Не беше откриено кој има а кој нема безбедносен сертификат од пратениците што се членови во Комисијата за надзор на АНБ и АР, ама беше кажано дека „мнозинството имаат сертификати“ и така се одлучи надзорите да се спроведат. Првиот ќе биде во Агенцијата за национална безбедност на 25 март во 10 часот, а вториот ќе биде во Агенцијата за разузнавање на 27 март во 10 часот. Претседателот на Комисијата за надзор над АНБ и АР Скендер Реџепи исто така има откриено дека нема безбедносен сертификат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судир на шпионски мрежи во кабинетот на…
Странски служби мешетареле во кабинетот на претседателката…
АНБ: Луѓето што се обидоа да ја…
Агенцијата за национална безбедност (АНБ) информира дека…
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Јавното обвинителство…
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад…
Скандал во АНБ Црна Гора: експлицитни снимки,…
Афера со протечени експлицитни снимки и фотографии…
ОЈО ГОКК постапува по кривична пријава против…
Кривична пријава за саботажа, злоупотреба на службена…