Ангелов: Има загрозени објекти на Водно, проблемот е сериозен, може да одземе човечки животи

t

На Водно има загрозени објекти и проблемот со свлечишта треба да биде сфатен сериозно, предупреди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на емисијата „Тема на денот“.

— Јас верувам дека има загрозени објекти на падините на Водно и дека треба многу сериозно да биде сфатен овој проблем и да не чекаме да се случи штетна последица која може да загрози човечки животи, но и да одземе човечки животи и тоа повеќе — посочи Ангелов.

Тој додаде дека институциите веќе работат на проблемот и дека во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржале неколку координативни средби на оваа тема, појаснувајќи дека е потребно кревање на јавната свест бидејќи „луѓето, коишто живеат таму, не мислат дека може да се случи таква штетна последица и дека мислат оти состојбата не е толку опасна зашто тие живеат таму и се навикнати“.

— Но, ние сме нагледани еден куп видеа од целиот свет, вклучително и во нашата држава, каде што свлечиштата можат да направат многу голем проблем — посочи Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ангелов: Има загрозени објекти на Водно, проблемот…

На Водно има загрозени објекти и проблемот…

Свлечиште во Шипковица – четири куќи во…

Свлечиштето во селото Шипковица, Тетово, загрозува четири…

Четири куќи се директно загрозени! Свлечиште во…

Поради обилните врнежи на дожд кои го…

Итен координативен состанок во ЦУК откако се…

По иницијатива на Општина Центар, во Центарот…

Спасени четири лица на Водно, меѓу кои…

Четири лица, меѓу кои едно дете и…