Ангелов: При гаснењето на пожарот во близина на Касарна Илинден екипите на БППЗ беа попречувани од луѓе кои живеат на и околу опожареното место
Под целосна контрола е пожарот, што избувна попладнево на отворен простор во близина на римскиот аквадукт во Скопје. Од пожарот беше зафатена трева и грмушки и поголема количина на расфрално ѓубре низ опожарениот простор, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов очекува пожарот набрзо да биде целосно изгаснат.
– Екипите на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) веднаш излегоа на терен, но при гаснењето беа попречувани од припадници на една етничка заедница која живее на и околу опожареното место поради што беше побарана полициска интервенција за непречено одвивање на гаснењето, изјави Ангелов.
Попладнево избувна пожар во близина на Касарна Илинден
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Tрамп: Ќе ги бранам Полска и балтичките…
Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе…
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска…
Ангелов: При гаснењето на пожарот во близина…
Под целосна контрола е пожарот, што избувна…
Околу 200 000 граѓани вадат онлајн документи…
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска…
Јакимовски: Нема да молчам – ќе продолжам…
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, сподели…