Околу 200 000 граѓани вадат онлајн документи од порталот uslugi. gov. mk
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска на прес-конференција информираше дека е зголемен бројот на корисници на Националниот портал https://uslugi.gov.mk/. Дел од документите што граѓаните можат да ги извадат онлајн за многу кратко време од овој портал се сите три потврди за неосудуваност (казнена, кривична и прекршочна евиденција), уверение за државјанство, петте најкористени услуги од Катастарот, потврдите за стаж од Агенцијата за вработување и Фондот на ПИОМ.
Министерот информира дека кога Порталот почна со работа се даваа по 1 200 услуги месечно, а сега по 13 200. Зголемен е и бројот на корисници, од околу 100 000 на 200 000, посочувајќи дека денес се скоро 70 институции „закачени“ на Платформата за интероперабилност, а во почетокот беа 40.
-Искористеноста е голема, од 1 200 услуги месечно што беа давани од порталот кога почна со работа, денес се 13 200, а бројот на корисници од околу 100 000 е зголемен на 200 000. Тоа значи дека граѓаните го препознаваат. Државјанство се вади целосно онлај и излегува за една минута, а потврдите за неосудуваност излегуваат за многу кратко време и не треба да одите до градот од каде потекнувате за да ги добиете, истакна Андоновски на прес-конференција одговорајќи на новинарски прашања.
Тој додаде дека последна дигитализирана е услугата на Државниот завод за статистика што ја користат сите студенти при запишување година или семестар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија планира да ги казнува возачите кои…
Италија набрзо би можела да ги санкционира…
Мирен протест против насилството по убиството на…
Мирен протест се одржува вечерва во паркот…
Хакиран мејлот на министерот за здравство на…
Необична честитка за неговиот роденден добил министерот…
Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема…
Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша…
НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА ГАРАНТИРА ЗА ПОШТЕНСКА…
Народната банка на Србија (НБС) излезе со…