Англичаните одбија да го осветлат Вембли во боите на Израел
АНГЛИЈА ја победи Австралија со 1-0 на Вембли во пријателски натпревар во петокот вечерта благодарение на голот на Оли Воткинс. По натпреварот една од главните теми беше дека Англичаните не сакаа да го осветлат Вембли во боите на Израел. Израелската федерација е разочарана од потегот на Англичаните: “Има моменти во историјата кога вистината е една, јасна и прецизна. Ова е токму таков момент”, изјави Моше Зуарез, претседател на израелската фудбалска федерација.
Лакот на култниот стадион во Лондон претходно беше осветлен во боите на Украина, Турција и многу други земји како знак на солидарност со проблемите со кои требаше да се справат. Израелците очекуваа британска солидарност поради војната меѓу Израел и Хамас, но тоа не се случи.
Рабинот Алекс Голдберг поднесе оставка како предводник на мрежата „Вера во фудбалот“ на ФА, по што ФА соопшти: „Жалиме што рабинот Алекс донесе таква одлука. Важно е да ја разјасниме нашата одлука да не дозволиме да се веат знамиња на Вембли Израел и Палестина донесени на барање на високи функционери на еврејската заедница“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
Арсовска: Во право е Кочоска, не нѐ…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…
Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…