Андонов: Ве уверувам дека скопјани ќе имаат греење и во ноември

Грејната сезона почна навремено и до овој момент истата се одвива континуирано и без проблеми. Ве уверувам и во текот на месец ноември, топлина ќе има за сите граѓани на Скопје, информира Виктор Андонов, советник за енергетика во Кабинетот на премиерот Ковачевски.
Андонов истакна дека начинот на кој ќе биде обезбедена, ќе биде објавен во следните неколку дена.
-Директорот на ЕСМ информира дека добиени се неколку информативни понуди за испорака на гас и од истите е побарано да достават дополнителни информации кои ќе ја потврдат сериозност на понудата. ЕСМ е државна компанија и тоа подразбира почитување на одредени процедури во интерес на граѓаните. Потребно е да се достават неколку документи, истакна Андонов на прес-конференција околу евентуалното потпишување на договор за испорака на гас за следниот месец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…
Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…
Кој се плаши да види колку народ…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Марш за одговорност и безбедност во Понеделник…
Инстаграм профилот „Кој е следен“ повика на…
Седум локации – МВР забрани да се…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од…
Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство…