„Анима мунди“: Домашен миленик претепан до смрт, полицијата не ја сфатила сериозно пријавата

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ информира дека домашен миленик бил претепан до смрт. Според здружението, сопственикот на кучето поднел пријава до полицијата, посочувајќи осомничено лице кое претходно се заканувало, но пријавата не била земена со доволна сериозност, а до денешен ден не е извршен распит со посоченото лице. Оттаму прашуваат кому и зошто да пријавуваат ако институциите кои треба да го штитат правото на живот ги игнорираат ваквите случаи на насилство врз животни.
Како што објавуваат, Тор било младо куче со низок раст. Се наведува и дека неговиот сопственик бара одговорност и темелна истрага.
Според „Анима мунди“, потребна е итна промена на Кривичниот закон и зголемување на казните за мачење и убиство на животните.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Анима мунди“: Домашен миленик претепан до смрт,…
Здружението за заштита на животните „Анима мунди“…
Двајца осомничени за напад на полицајци во…
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и…
ГЛУМЕЛЕ ПОЛИЦИЈА СО РОТАЦИИ, ЗАСТАНАЛЕ ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ…
Страшен настан го потресе Скопје, но не…
(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава
Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…
Сакал да поткупи полицаец со 50 евра,…
Жител на сеото Бузалково, Скопско сакал да…