Анкета: Благо водство на Трамп пред Камала Харис
Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп води пред демократската потпретседател на САД Камала Харис со 48 отсто наспроти 46 отсто во анкетата на Њујорк Тајмс-Колеџот Сиена, објавена денеска, објавена денеска.
Анкетата, базирана на примерок од 1.142 регистрирани гласачи на национално ниво, има маргина на грешка од 3,3 процентни поени, објави Ројтерс.
Претседателските избори во САД се одржуваат на 5 ноември.
Американскиот претседател Џозеф Бајден на 21 јули објави дека се повлекува од изборите во ноември, велејќи дека тоа е во најдобар интерес на Демократската партија и на земјата.
Во објава на социјалната платформа Икс (Твитер), Бајден изјави дека за кандидат на Демократската партија ја предлага Камала Харис, актуелната потпретседателка на САД, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…
Католичката црква е позната по строгите правила…