Анкета на „Ипсос“: Популарноста на Макрон падна на историски минимум од 15 проценти
Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон падна на најниско ниво откако ја презеде функцијата во 2017 година, објавија француските медиуми, меѓу кои „20 минути“ и „Фигаро“.
Според истражувањето на агенцијата „Ипсос“ за весникот „Ла Трибин диманш“, само 15 отсто од Французите имаат позитивно мислење за Макрон. Минатиот месец рејтингот на францускиот претседател во истото истражување изнесуваше 16 отсто.
Резултатите од анкетата доаѓаат во нов период на тензии во Франција, каде што средношколците протестираат веќе три недели, а расте и незадоволството поради високите цени на горивата и намалувањето на куповната моќ. Истражувањето покажува дека главните грижи на Французите се токму куповната моќ, иднината на социјалниот систем во земјата, како и државниот долг и буџетскиот дефицит.
За разлика од него, рејтингот на премиерот Себастијан Лекорну изнесува 22 отсто, во споредба со 20 отсто минатиот месец.
Истражувањето покажува и пад на рејтингот на лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, која има поддршка од 32 отсто, што е за четири процентни поени помалку во споредба со претходниот месец. И претседателот на нејзината партија „Национален собир“, Жордан Бардела, бележи пад на рејтингот и сега соодветно има поддршка од 33 отсто, наспроти 36 отсто минатиот месец.
Името на Бардела неодамна се најде во фокусот на скандал поврзан со антисемитски пораки за кои се тврди дека ги испратил пред неколку години, што тој целосно го негира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изрази сомнеж во изборните резултати откако…
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнеж во…
Кина го продолжи трговското примирје со САД:…
Кина го продолжи за уште два месеца…
Трамп: Не е точно дека ги ставам…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Русија, Украина и САД пред нови преговори:…
Делегации на Русија, Украина и САД треба…
Нападнат клучниот саудиски нафтовод „Исток–Запад“: Избувнал пожар,…
Саудиска Арабија соопшти дека нејзиниот стратешки нафтовод…