Анкета на Ројтерс и Ипсос: Бајден и Трамп изедначени
Шансите на американскиот претседател Џо Бајден за реизбор на функцијата претседател на САД, се загрозени од загриженоста на гласачите за неговата возраст, економијата и криминалот, што пак му дава шанса на републиканецот Доналд Трамп да се врати во Белата куќа, покажа анкетата на Ројтерс и Ипсос.
Последните анкети односно истражувањето на јавното мислење покажа дека 80-годишниот Бајден моментално е изедначен со три години помладиот Трамп, кој е најсериозен кандидат за републиканска номинација, бидејќи и двајцата имаат поддршка од 39 отсто од гласачите, со еден од пет неопределени.
Бајден има јасна предност меѓу гласачите кои се најмногу загрижени за заштита на правата за абортус, додека Трамп е поддржан од оние кои се загрижени за криминалот, покажа анкетата.
Излегува дека Трамп сè уште е многу „жив“ политички, и покрај серијата федерални и државни обвиненија за повеќе злосторства. Се очекува поголемиот дел од следната година да го помине во судници додека води кампања.
Лошата вест за Бајден е што Трамп има предност во седумте држави каде што претседателските избори во 2020 година беа најнеизвесни, а тоа се Џорџија, Аризона, Висконсин, Пенсилванија, Северна Каролина, Невада и Мичиген. Во тие држави Трамп сега е поддржан од 41 отсто од гласачите, шест отсто повеќе од Бајден, а 24 отсто се неопределени.
Бајден се соочува и со ризик да ги загуби независните гласачи, кои му донесоа победа пред три години. Доколку изборите се одржат сега, Трамп би го поддржале 32 отсто од независните гласачи, а Бајден 30 отсто, покажа истражувањето.
Гласачите изразија загриженост за возраста и способноста на Бајден да служи како претседател, при што 77 отсто од испитаниците, вклучително и 65 отсто од демократите, рекоа дека тој е премногу стар за да биде претседател, додека 56 отсто рекоа дека Трамп е премногу стар за да биде претседател.
Анкетата на Ројтерс и Ипсос е спроведена онлајн ширум сите земји од 8 до 14 септември, а можните отстапувања се плус-минус два отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…