Анкетната комисија на Левица за Кочани закажана за 9. декември, родителите на загинатите деца треба да се обратат во Собранието

t

Левица ги смета за, како што велат, деструктивни и арогантни обидите на ВМРО-ДПМНЕ за уште едно саботирање на закажаната седница на собраниската Постојана анкетна комисија за човекови права и слободи. Оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани и истата е закажана за 9 декември 2025 година (вторник).

-Ја информираме јавноста дека овој датум е одбран во претходна координација со родителите, кои ќе се обратат на закажаната седница и дополнително, се работи за единствен ден кога не е закажано судско рочиште за трагедијата во Кочани. Пратениците од власта безобразно манипулираат дека терминот не е соодветен, затоа што во Собранието започнувала расправата по предлог-буџетот. Ваквите изјави се тенденциозни и невистинити, затоа што буџетската расправа трае пет дена, што е повеќе од доволно за да се исцрпи целата дискусија, велат од партијата.

Левица соопшти дека имале дури три обиди да се закаже седница за трагедијата во Кочани, но, како што велат, сите биле саботирани од спикерот Африм Гаши во координација со ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта (која не организира ниту комеморативна седница во Собранието) нема веќе изговори да ја саботира дискусијата за Кочани во Собранието! Апелираме пратениците од власта не ја саботираат закажаната седница во вторник, имајќи го во предвид фактот дека само овој ден родителите можат да присуствуваат во Собранието. Народните избраници мора конечно да обезбедат услови во Собранието да се слушне гласот на родителите кои бараат правда – не само за своите деца – туку и за сите идни генерации, стои во соопштението на Левица.

На истиот ден во Собранието е закажана и пленарна седница на која пратениците ќе дебатираат и за буџетот за 2026 година. Претседателот на Собранието Африм Гаши, на брифинг со новинарите изјави дека побарал од координаторот на пратеничката група на Левица, Анкетната комисија да биде одложена за друг ден, за да може, како што вели Гаши, и тој и премиерот Христијан Мицкоски, како и сите други пратеници кои сакаат да присуствуваат да го сторат тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкетната комисија на Левица за Кочани закажана…

Левица ги смета за, како што велат,…

„Дејан, биди искрен и кажи“ – Ердовска…

„Нека биде искрен Дејан и нека каже…

Одбраната на Тодор Јованов тврди дека немал…

Најпрво и јас сакам да изразам најдлабоко…

Одбраната на Милка Ердовска тврди дека таа…

Почитуван суде, изразувам длабоко и искрено сочувство…

„Не знаел дека ќе биде дискотека“ –…

Сметаме дека во обвинението не се разјаснети…