„Не знаел дека ќе биде дискотека“ – газдата на објектот тврди дека само го издал просторот – документите му биле заклучени во гаражата
Сметаме дека во обвинението не се разјаснети сите околности кои му се ставаат на товар на Милковски. Нема место за об винение и кривична одговорност на обвинетиот, а се поставува следното прашање, со пропуштање на кое дејствие го сторил кривичниот настан, за што се обвинува Гроздан Милковски, со што го предизвикал пожарот на кобната ноќ во Кочани, го започна своето обраќање бранителката на Гроздан Милковски, Лидија Ристовска.
Милковски е сопственик на објектот, кој е издаден на правниот субјект претставуван од Дејан Јованов, постои еден договор за закуп за времетраење од 10 години, со важност до 01.12.2022 година, во услови кога не е склучен нов договор, важат одредбите кои се одредени во стариот договор.
Во договорот за закуп се уредени меѓусебните права и обврски на закуподавачот и закупецот.
Одредби кои биле на сила се „потребната документација, употребна дозвола на просторот ќе си ја обзезбеди закупецот“ и „во случај да има преуредувања закупецот ќе ги направи на свој простор, сите преуредувања закупецот е должен да ги отстрани по истекот на времето за користење или престанок на важност на овој договор. Закупецот е должен да го врати објектот во првобитната состојба пред 30 дена“.
Според ова, Гроздан Милковски не му помогнал на Дејан Јованов, не му дозволил да започне угостителска дејност, не учествувал во градежни зафати за реконструкција, постапката за закуп е спроведена законито. Гроздан Милковски не му овозможил на Дејан Јованов незаконито да врши угостителска дејност.
Не се исполнети битните елементи кои му се ставаат на товар на Гроздан Милковски. Не постои ниту еден доказ што укажува на учество на Гроздан Милковски во сторување на кривичното дело што му се става на товар – изјави таа
Не постои ниту еден доказ од кој ќе може да се утврди и најмало сомнение дека Гроздан Милковски е одговорен за предизвикување на пожарот во Кочани, што ќе произлезе од доказите предложени во листа на докази, како од страна на ОЈО, така и од страна на одбраната.
Обвинетиот Гроздан Милковски не бил известен од страна на првообвинетиот каква дејност ќе обавува во објектот, во договорот за закуп не е наведена дејност што ќе се обавува во закупениот простор, што оди во поткрепа на фактот дека Милковски не знаел за што е издаден објектот.
Гроздан Милковски никогаш усно или писмено не дал согласност за внатрешна адаптација на издадениот простор, дека тоа е така ќе произлезе по изведување на доказите, како на ОЈО така и на одбраната.
Бидејќи голем дел од документација за објектот е во гаражниот простор кој е прилепен до објектот, поднесено е барање до ОЈО за одобрение за влегување во објектот. Доколку биде обезбедена дополнителна документација истата ќе биде доставена до судот во дополнение на доказна постапка. – заврши адвокатката Ристовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…
Тешко повреден вработен во кочанскиот водовод, паднал…
На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР…
Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…
Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…
„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…
Судот не дозволи изземање на обвинителката за…
Судот на денешното рочиште за пожарот во…